Само осум грчки митрополити не примиле вакцина против Ковид 19, пишуваат грчките медиуми. Според официјалните податоци на ГПЦ, 60 до 65 % од свештенците во Северна Грција примиле вакцина, а во Јужна Грција речиси 90% од клириците на ГПЦ се вакцинирани.

Неодамна атинскиот архиепископ Јероним ги критикуваше оние владици кои не ги следат препораките на Грчката црква во однос на пандемијата.

Во Македонија нема податок колкумина од владиците и свештенството примиле вакцина против Ковид 19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.