Четири од 1.000 паралелки во Бугарија се ставени во карантин од почетокот на учебната година, при што заразени се 0,01 процент ученици и 0,09 проценти наставници, не сметајќи ги 16-те наставници во Габрово, кои се првиот кластер во училиштата, изјави во Варна бугарскиот министер за образование и наука Красимир Валчев.

Тој рече дека физичката настава останува, а само контактите на заразените паралелки и ученици ќе учат по електронски пат, јави БГНЕС.

Не предвидуваме целосно преминување на учење од далечина. Она што го дискутиравме и избравме во текот на летото, впрочем како и во сите земји, се менува. Преминување на онлајн настава се надевам нема да има за цели училишта, цели општини и цели области. Имаме четири на илјада паралелки во карантин, односно четири не учат или привремено учат преку електронски пат, а 996 учат во училиште. Доколку се одржат овие дневни просеци, очекуваме овој процент да се искачи на максимум еден процент. Да се ​​надеваме дека нема да имаме значително зголемување на вкупниот број на заразени лица. Министерството за здравство соопшти дека ќе има праг на заразени, согласно кој ќе се дава препорака за преминување кон дигитално следење настава, но тој ќе биде значително повисок од сегашниот, рече бугарскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.