Посушје не се сеќава на трагедија како онаа која се случи во новогодишната ноќ во близина на Паркот на природата Блидиње, во Трибистово.

Четири млади парови го изгубија животот од гушење со јаглерод моноскид, а вчера беа погребани Мирела Резо и Стјепан Јукиќ, кои починаа заедно со уште шест момчиња и девојки.

Сите имале 20 години. Во Ракитну денеска ќе бидат погребани Иван Миличевиќ, Стипо Ромиќ, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Уште едно момче било со жртвите кобната ноќ во викендицата во Трибистово. Неговиот татко вчера даде куса изјава за пријателите на синот.

Бог и планината го спасија – им рекол на новинарите. Момчето кое не преноќило во викендицата во која му настрадаа пријателите требало тоа утро да работи на подготовка на снегот и опремата за скијачите на Блидиње на патека, па во доцните часови се упатило дома. Токму тоа му го спасило животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.