44-годишниот Енедин Т. кој денеска изврши масакр кај Сјеница, во Србија се самоубил кога бил опколен од полицијата. Тој е осомничен за убиството на неговата поранешна сопруга и на нејзините родители, а во масакрот во селото Расно, кај Сјеница се ранети уште три лица.

Енедин самиот си пукал во глава во неговото родно село Долиќе, кога повеќе немал каде да бега, односно кога полицијата го опколила, објави „Курир.рс“.

Рано утринава, во селото Расно, тој упаднал во куќата на неговата поранешна сопруга Бисера (44) и ги убил неа и нејзините родители, таткото Фехим (64), и мајката Шефка, а ги ранил нејзиниот брат Беким (35), како и двајца соседи кои се нашле во куќата.

Како што објави српски „Курир“, во куќата биле и малолетните деца на Енедин и Бисера на возраст од 6 и 8 години.

По интензивната потера во која учествувале хеликоптери, убиецот набргу бил лоциран во близина на селото Долиќе и бил опколен. Кога се нашол заробен, Енедин испукал еден куршум во главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.