Поранешниот конзервативен грчки премиер Андонис Самарас го критикува сегашниот левичарски претседател на Владата, Алексис Ципрас, за Преспански договор, бидејќи тој, според него, ја отвора вратата за нови барања од соседот.

„Јас се спротивставив на давањето на името Македонија, бидејќи преку него ќе имаат барања во однос на националноста и на јазикот, како и за признавање на малцинските права во Грција. Сите претходни премиери го одбија тоа, а господинот Ципрас го прифати“, рече бившиот лидер на Нова демократија пред делегатите на 12. конференција на партијата во Атина.

„Тој е опасен од многу причини, но главно поради тоа што нема црвени линии. Сè што бараат од него да направи, тој го прави. Неговото согласување со моќните и со немоќните соседи е без преседан и тој не го прави тоа од што мора, туку по сопствен избор“, додаде Самарас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.