Високи претставници на Стејт департментот предупредуваат дека Русија и Кина се активни како надворешни сили на Балканот, а посетата на државниот секретар Мајкл Помпео на регионот е начин да се одговори на тој предизвик.

Како што велта од Стејт департментот, балканот е стратешки многу динамичен регион со надворешни сили.

Кина го купува пристаништето Пиреја, Русија покажува лошо однесување во Македонија, Русија се обидува да манипулира со Православната црква – запомнете дека пред околу две и пол години Грција протера четворица Руси за нивно учество … во несоодветни активности поврзани со црквата – изјави портпарол на Стејт департментот.

Според друг портпарол на Стејт департментот, целта на посетата на Помпео е обединување на сите аспекти на американската моќ и американската дипломатија за да се одговори на овој предизвик од Русија и Кина во регионот.

Од 27 септември до 2 октомври, Помпео е на турнеја низ Европа, при што ја посети Грција и ќе престојува во Италија, Ватикан и Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.