Само неколку дена откако на интернет се појави аудио снимка од разговори на премиерот Зоран Заев со руски комичари, во кои тој е убеден дека разговара со Столтенберг и со Порошенко, во јавноста испливаа и муабетите на Харадинај со истите лица.

Со Харадинај пранкерите муабетеле во јануари и во април.

Во телефонски разговор објавен на Јутјуб, Харадинај ветува поддршка за Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета Експрес.

Мислам дека по победата, јас ќе ја признавам Косово како независна држава – рекол „Порошенко“.

Медиумот пренесува дека руските комичари муабетеле и со премиерот на нашата држава, кој кажал дека тој им го дал бројот од Харадинај на пранкерите.

Заев и Харадинај не се единствените кои разговарале со овие шегаџии, претходно тие муабетеле и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, Ники Хејли, Гуаидо, неколку американски гувернери и конгресмени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.