Ситуацијата на Србија во врска со Косово ќе беше многу поповолна доколку Слободан Милошевиќ  не бил  измамен од Борис Елцин, поранешниот шеф на Кремљ, и Виктор Черномирдин, тогашниот специјален претставник за Косово и од поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, пишува „Република.рс“.

Оваа група подготвила многу поповолен план за Србија во 1999 година од подоцнежниот Кумановски договор, со кој по 78 дена заврши НАТО бомбардирањето на земјата, а со кој Милошевиќ се согласи да ги повлече сите воени и полициски сили од Косово.

Американците, Клинтон, преку Елцин, т.е. Черномирдин, го измамилд Милошевиќ. Според европскиот план, српската војска требаше да се врати на границите. Елцин, на убедување на Американец, кој тајно се договорил со Черномирдин, го сменил првичниот план за Косово, кој за Србите бил многу поповолен од кумановскиот договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.