Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја искритикува бугарската Влада дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија на западните партнери.

Радев, на прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите четири години од мандатот, изјави дека ќе се кандидира за втор мандат, заедно со потпретседателката Илијана Јотова.

Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во Република Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарските власти не успеаја да и ја претстават на ЕУ позицијата на Бугарија за Република Македонија. Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас. Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и лобирањето. Да става на дневен ред на важни теми, да обединува околу значајни каузи – изјави Радев.

Според него, реалноста налага Бугарија да има институции со јасни приоритети и предвидливост во своето работење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.