Албанија останува земја која има најголем број малолетни имигранти без придружба, кои бараат засолниште во Италија, пренесува Ора њуз, повикувајќи се последниот извештај на италијанските власти.

Според најновите ажурирани податоци од италијанските власти за состојбата на малолетни лица без придружба во Италија, како и неколку години по ред и оваа, албанските малолетници се рангирани на прво место.

Нивниот број го надминува бројот на малолетниците кои без придружба пристигнуваат од Авганистан, Гвинеја, Сомалија, Мали.

Во центрите за згрижување живеат 5.540 малолетни лица, а 1.267 се Албанци, кои сочинуваат 22,9 отсто од вкупниот број. На второ место е Бангладеш со 965 малолетници, следат Египет, Пакистан, Тунис. Косово е на деветтото место со 177 или 3,2 отсто од вкупниот број. Меѓу 1.267 Албанци, 45 се девојчиња, со што и албанските девојчиња се најбројни, се наведува во извештајот.

Извештајот на италијанските власти, исто така, сигнализира дека во рок од еден месец, односно од 1 до 31 август 2020 година, четири малолетни Албанци без придружба и 12 косовски влегле на италијанска територија. Исто така, во текот на овој месец петмина албански малолетници ги напуштиле центрите и заминале во непознат правец.

Најголем број малолетни имигранти без придружба се сместени во Сицилија, Ломбардија, Фриули Венеција Гиула, Емилија Ромгана.

Италијанските власти често пати сигнализираа дека малолетни имигранти кои доаѓаат од Албанија не пристигнуваат сами, туку во придружба на родители или роднини кои ги оставаат во Италија за да имаат подобра иднина во образованието и вработувањето поради економски тешкотии што ги имаат во Албанија, наведува телевизијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.