Директорот на косовскиот Национален институт за јавно здравје, Насер Рамадани, соопшти дека резултатите од тестовите во институтот покажале дека пациентката за која имаше сомнеж дека го добила коронавирусот, не е заразена со него.

На конференцијата што се одржа предмалку во Институтот, Рамадани рече дека по три теста извршени во лабораторијата на Националниот институт, излегло дека резултатите се негативни на коронавирусот.

Првите информации ги добивме од самата пациентка. Но Националниот институт објави дека во скијачки центар во Франција за пет Британци е потврдено дека се заразени, а нашата пациентка скијала во истиот центар, па таа самата се исплашила затоа што била во истиот центар… Ги добивме лабораториските резултати од сите три теста со цел да го отфрлиме секое сомневање за коронавирус и грип А или Б и сите три беа негативни. Во овој случај, лабораториската потврда е конечна потврда, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.