Киријакос Мицотакис, лидерот на опозицијата, својот последен предизборен митинг го имаше во Солун, додека Ципрас држеше митинг во Атина, и ја доби областа со 35.6 наспроти 17.8 проценти од гласовите. Нова Демократија победи безмалку во цела Грција, но разликата во гласовите не е толку убедлива како што е на северот, кој на мапата на државната изборна комисија е обоен сино, во боите на грчката десница.

Во Грција се одржаа и локални и регионални избори. На гласањето во регионите, Нова Демократија води во 11 од 13 региони, а разликата повторно е најубедлива во „македонските“ региони – западна и централна Македонија, каде десничарските кандидати убедливо ги совладаа локалните избраници на Ципрас, до таму што нема да им биде потребен ниту втор круг. Тесалија и Епир се приклучија на убедливата победа на Нова Демократија, додека резултатот е потесен единствено во Источна Македонија и Тракија, регион каде годинава беше забележан неочекувано добар резултат на партијата на Пријателството, еднаквоста и мирот, која го застапува локалното турско население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.