Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на корона вирусот во Србија одлучи да и препорача на Владата угостителските објекти и трговските центри низ целата земја за време на викендот да работат до 14 часот.

Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега.

Фризерските салони може да продолжат да работат како и обично, а тоа ќе важи и за доставувањето на храна.

Бензинските пумпи ќе може да работат до 14 часот, а од 14 часот ќе може само да напојуваат гориво.

Нова седница на Кризниот штаб е закажана за во понеделник, кога ќе се дискутира за почитување на мерките за време на викендот.

Како што беше претходно најавено, податоците за бројот на новозаболени лица во Србија не се охрабрувачки, со оглед на тоа што вчера беа регистрирани повеќе од 3.500 нови случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.