Република Спрска во Босна денес ја доби првата пратка од руската вакција Спутник V. Првите 2.000 дози вакцини од вкупно очекуваните 400.000 пристигнаа на аеродромот во Сараево, преку итен увоз организиран од производителот.

Вакцинирањето треба да почне во следните 10 до 15 дена по завршувањето на подготовките и царинските процедури, јавуваат локалните медиуми.

Министерството за здравство и социјална заштита на Република Српска ја одобрило употребата на руската вакцина, а набавката била извршена преку компанијата Крајина Груп. Се очекува и Агенцијата за здравство на Босна да даде сертификат за вакцината.

Целата пратка од 400,000 вакцини треба да биде испорачана до Република Српска од Русија во февруари и март. Тоа ќе биде доволо да се вакцинираат 200.000 луѓе, а властите на РС најавија дека ќе порачаат и дополнителни дози доколку биде потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.