Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи на Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата на деветти март кога болеста беше дијагностицира кај татко и син по нивното враќање од Италија.

Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 586 тестови во последното деноноќие, позитивен резултат е добиен кај 135 лица, што е највисока бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на болеста, од каде се 113 од новозаразените.

Во исто време во списокот на оздравени внесени се 72 или вкупно 3.227 а починало едно лице или 189 до сега.

Со последно дијагностицираните, вкупната бројка на заразени изнесува 6.151,додека активни на болеста се 2.735 лица. Како што информираше Министерството околу 1.600 матични лекари на целата територија на земјата ја следат состојбата на заболените кои се со лесна форма на болеста.

И понатаму загрижува постојаното зголемување на лицата на кои им е неопходно болничко лекување. Во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ позната како болница Ковид 2, се третираат 122 пациенти од кои 23 во тешка здравствена состојба.

Од почетокот до сега во Албанија се направени 44.881 тестирања на сомнителни случаи.

Поради зголемениот обем на работа во болницата Ковид2 денеска се вработени 50 медицински сестри со кои се сретна министерката за здравство Огерта Манастирлиу, која меѓу другото порача дека засилувањето на болничките капацитети со човечки ресурси е во фокусот на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.