Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 197 нови случаи на заразени со корона вирус, четири лица починале, а 183 се опоравиле.

Како што соопштија од Националниот штаб за цивилна заштита, во моментов има 2.138 активни случаи, од кои 281 пациент е во болница, седум помалку од вчера, од кои 21 се на респиратор.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, вкупно 14.922 лица се заразени со корона вирусот, од кои 248 починаа, а 12.536 се опоравија, од кои 183 во последните 24 часа. Во моментов има 9.714 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 258.864 лица, од кои 4.384 во последните 24 часа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.