Попладнево во белградската населба Врачар беше фрлена бомба врз паркирано возило порше, кое го возел 30-годишниот Лазар Вукичевиќ, член на навивачката група на Црвена звезда Делии.
Спортскиот автомобил, кој формално му припаѓа на неговиот татко, бил целосно уништен, но за среќа нема повредени, иако во тоа време тука можело да има и случајни минувачи.

Бомбата е одмазда, како што пишуваат српските портали, затоа што тој во тепачка пред две години пукал во Никола Вавиќ, водач на навивачката група Алкатраз, која го поддржува ФК Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.