Дваесет и четири годишно момче е рането со огнено оружје, додека присуствувал на помен кај негов убиен братучед.

Како што пишуваат српските медиуми, ранетиот е идентификуван како Марко Николиќ (24), кој бил на помен кај неговиот убиен братучед Божидар Николиќ (31).

Настанот се случил на белградските гробишта кога еден напаѓач маскиран со силиконска маска му се приближил и испукал неколку куршуми.

Николиќ, имал досие во полицијата и наводно е поврзан со навивачката група на Партизан. Тој со приватно возило е префрлен во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.