Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада, јави Бота сот.

Оставката е неотповиклива, рече Харадинај.

Харадинај, на прес-конференција, рече дека не може да се појави пред Специјалниот суд во Хаг како шеф на владата, туку како државјанин на земјата кој ја чува честа на шефот на владата и државата.

Тој негираше дека зад неговата одлука имал политички мотиви.

Косово треба да се подготви за избори. Владата и во оставка ќе ги врши своите задачи до слободните избори, сега одговорноста е кај претседателот на државата. Јас повторно му се нудам на народот за да ја добијам довербата. Не сум обвинет, туку само сум осомничен. Колку што ќе ми даде народот доверба ќе ја почитувам. Ќе излезам на избори, и јас исто така и ААК, но не можев да ја доведам државата во таква ситуација, рече тој.

Харадинај денеска поднесе оставка откако добил покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг. Ова е вторпат косовскиот премиер да поднесе оставка од функцијата, како осомничен за воени злосторства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.