Во врска со состојбата со обилните врнежи од дожд и поплавите во повеќе делови во Албанија, премиерот Еди Рама, оцени дека справувањето било „успешно положен тежок тест“, отфрлајќи ги обвинувањата на шефот на државата и опозицијата за несоодветно справување со проблемот.

Како што истакна рама, добриот одговор на поплавите е резултат на инвестициите на стратешки начин на неговата влада, а не за „изборни цели, како што правеле некои други.

Ситуацијата беше критична од Скадар до Вјоса и справувањето беше послободно да се дише, како и да се извлечат лекции за да се види што можеме да направиме подобро. Состојбата со поплавите во минатото и денес е неспоредлива, ни од далеку не може да се споредат бројките и фактите а тоа е поврзано со нашата работа, зашто она доаѓа од горе не е во наши раце, но колку ние долу можеме да го олесниме тоа е во наши раце – изјави Рама, ветувајќи отштета како и во претходните поплави.

Тој смета дека со изградбата на хидроелектраната „Скавица“ ќе биде надминат проблемот со поплавите.

Прашањето за каскадата на Дрим е поврзано со досегашната неизградба на ХЕ „Скавица“.Таа ќе биде реалност следниот мандат со што ќе биде надминато чувството на страв од испуштање на вода од трите ХЕ на каскадата. Но, дотогаш продолжуваме со управувачкиот предизвик – изјави Рама.

ХЕ „Скавица“ ќе се гради на реката Дрим, во непосредна близина на албанско – македонската граница кај Дебар.

Гледано одделно во трите години кога имало најголеми поплави, најголема површина, околу 14.280 хектари се нашле под вода во декември 2010 година, потоа во јануари 2000 кога биле поплавени 11.400 хектари, додека овој месец 4.080 хектари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.