Албанскиот премиер Еди Рама се заложи „шенгенскиот модел“ да се применува со Северна Македонија и од другите земји од Западен Балкан, а не само со Косово. На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во тирана тој рече дека порано или подоцна „Граѓаните ќе влегуваат и излегуваат од границите на македонија и албанија без никакви пречки“.

Шенгенскиот модел треба да се прошири низ регионот – Косово, Македонија и Црна Гора, со уверување дека сите земји од Западен Балкан треба да влезат во овој процес. Нашите граници мора да бидат проодни како границите на Европската Унија. Порано или подоцна ние ќе им дадеме на граѓаните можност да влегуваат и да излегуваат во двете земји без какви било пречки, контроли, без ниту еден проблем, посочи Рама.

Тој додаде дека Албанија почнала процес со Косово, кој за жал, погрешно бил разбран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.