Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“.

Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија.

Не е Албанија таа која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската Унија да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Македонија – нагласува Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.