Албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи објави што денес разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека американскиот лидер ги кажал најдобрите зборови за Албанија. Според Рама, Бајден изразил желба да организираат нешто заедничко по повод 100- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

– Од претседателот Бајден ги слушнав најдобрите зборови за Албанија и нејзината улога во Советот за безбедност на ОН и НАТО, како и неговата желба да организираме нешто заедно по повод 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи Албанија- САД, напиша Рама.

Во пораката на Твитер тој исто така наведува дека на Самитот на НАТО побарал Косово веднаш да биде покането во механизмот Партнерство за мир.

– Денеска во НАТО: Побарав Косово веднаш да биде покането во механизмот “Партнерство за мир”. Побарав земјите кои сеуште не го признале Косово да го проценат неговиот став усогласен со ЕУ за руската агресија врз Украина и покрај фактот што Украина сеуште не го признала Косово, наведува Рама на објавата на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.