Премиерот на Албанија не успеа да ги задржа солзите кога беше запрашан за девојката на неговиот син Кристи Речи, која го загуби животот во страотниот земјотрес. Во земјотресот загина и целото нејзино семејство.

Еди Рама додека зборуваше за News24, побегна од камерата, откако не можеше да ги задржи солзите.

Не сакам да зборувам за вакви работи кои се врзани лично со мојот син. Јас сум денеска во една позиција која е невозможно да се објасни. Тие мислат дека давам душа за пари – рече Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.