Албанскиот премиеро Еди Рама реагираше по тензиите на Косово околу регистарските таблички. Проблемот што го покрена Косово Рама го оценува како правилен и според него, реципроцитетот на регистарските таблички треба да го избегне бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент, како што се случи со царината од 100 %.

Рама нагласува дека Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува.

Косово со право го покренува прашањето. Сега кога проблемот ќе се реши и реципроцитетот на регистарските таблички ќе се гарантира, избегнувајќи го бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент (како што се случи со царината од 100 отсто). Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува, напиша Рама на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.