Рама кон своите граѓани: Ако не ги почитувате препораките, ќе нема место за сите во гробиштата!

Балкан 21.03.2020 / 12:33

Албанскиот премиер Еди Рама, постирајќи видео со медицнскиот персонал од Инфективната клиника,кој се грижи за пациентите заразени од „Ковид-19“, вели дека се вознемирени од неодговорното однесување на оние кои „ја саботираат оваа војна, создаваат редови кои се претвораат во митинзи, за да го прифатат непријателот и да го однесат дома“.

Според Рама, лекарите покажуваат херојство, додека саботерите прават невидено предавство, кое „ќе ни го отвори гробот, доколку не биде итно запрено“.

-Овие лекари прават херојство, додека саботерите прават невидено предавство кое ќе го отвори гробот за нас, освен ако не биде итно запрено! Доколку сите правилно не се однесуваме во оваа борба, нема каде да ги легнеме болните и нема да има место ниту во гробиштата, а не во болниците! пишува Рама на Фејсбук.

Тој со посебна порака до младите:„Останете дома. Не ја земајте „бомбата“ од надвор за да ги убиете родителите, дедовците и бабите“.

Наведува податоци за бројот на заболени млади луѓе во повеќе земји во светот и додава дека и тој со семејството строго почитувајќи ги препораките остануваат дома.

Како што вчера најави Рама, денеска и утре на целата територија на земјата дозволено е движење од 5 до 13 часот. Ова важи и за трговските објекти за продажба на храна, за аптеките и банките . Од 13 до пет часот наутро движење е дозволено единствено на припадниците на армијата, на полицијата, специјалните државни служби и медиумските компании.Во спротвно,предупреди, дека за оние кои не ја почитуваат оваа одлука се предвидени високи парични казни, па дури и затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести