Премиерот Еди Рама на заедничка прес конференција со министерката за здравство, Огерта Манастирлиу од стадионот „Ер Албанија“,каде во 15 часот, треба да почне вакцинацијата против ковид-19, рече дека ќе се вакцинира меѓу првите.

Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател. Министерката Манастирлиу како и сите други ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците – рече Рама.

Додаде дека денеска располагаат со 975 дози вакцини добиени од прјателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено, но оти не се донација од Грција.

Вакцинацијата ја почнуваме со 975 дози, а од истата пријателска земја очекуваме уште две илјади, додека на почетокот на следната недела ќе пристигнат 10.750 дози вакцина од Фајзер. Доколку дојдеме во ситуација на поголема количина вакцини ќе ги поделиме со Косово – најави Рама.

Според минстерката Манастрлиу, со вакцинацијата најпрво ќе бидат опфатени здратсвените работнци од четирите ковид болници и оти денска почнуваат со оние од ковид еден (Инфективна клиника) и ковид два болницата(клинката Шефќет Ндроќи).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.