Албанскиот премиер Еди Рама итно е префрлен во болница во Берлин поради проблеми со срцето, објавија албанските и косовските медиуми.

По прединфарктот што Еди Рама го преживеа во Тирана, за што и беше хоспитализиран, подоцна отпатува за Берлин со чартер лет. Дека здравствената состојба на Рама не е добра се забележа и во Берат кога тој не можеше да ги среди речениците – наведува порталот syri.net.

Според истиот извор, неговата состојба се влошила, а неколку часа подоцна тој бил итно хоспитализиран во Тирана, бидејќи имал прединфарктна состојба.

Од понеделникот тој е хоспитализиран во Берлин. Причина за неговиот престој во Германија е неговата здравстена состојба, а не од други причини – наведува порталот.

Веста ја пренесуваат и други албански и косовски медуми, но официјална потврда засега нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.