Кандидатурата на Албанија за членство во Европската унија би можела да биде попречена поради ветото од Бугарија за Македонија, смета албанскиот премиер Еди Рама.

„Европа функционира со консензус. Земјите имаат различни избори. Сега излезе друг проблем со блокадата од Бугарија за Македонија и не знаеме што ќе реши Холандија, како и другите земји. Можеби ќе кажат: ‘Бидејќи тие (Македонија и Бугарија – н.з.) имаат спор, Албанија исто така би требало да стои во место’“, изјави Рама за „Јуроњуз“.

„Тие навистина немаат никакви проблеми со нас, тие имаат свои внатрешни проблеми“, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.