Албанскиот премиер Еди Рама, на социјалните мрежи се пофали дека според глобалното мерење, во последните две недели за намалување на бројот на заразени со Ковид-19, Албанија и Исланд, се двете земји со најмалку случаи на инфекции во Европа.

Рама го сподели двонеделниот графички приказ објавен на престижната веб-страница „Ourworldindata.org“, во врска со случаите со Ковид-19 на милион жители, во кој може да се забележи драстично намалување на случаите на заразени во Албанија.

Од почнувањето на националната кампања за вакцинација против корона вирусот во Албанија се аплицирани над 800.000 вакцинации.

Пристигна нова пратка од 11.700 вакцини од Фајзер со кои досега добиени се 911.000 дози вакцини. Вакцинацијата се спроведува според сите параметри на безбедност и квалитет од страна на обучени тимови низ целата земја. Нашата цел од милион вакцинирани во јуни е пред остварување. Албанија се насмевнува – порача Рама.

Сспоред податоците на албанското министерство за здравство, во последното деноноќие во земјата нема починат ковид пациент а вирусот е дијагностициран кај 13 лица. Моментно активни на болеста се 209 лица од кои на болнички третман се 23 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.