„Во македонскто собрание се зборува албански“. Вака премиерот на Албанија, Еди Рама го започна неговиот говор на централната седница на Вториот самит на дијаспората во Тирана.

Во неговиот говор меѓудругото, тој ги спореди настаните што се случиле во временски распон помеѓу првиот и сегашниот самит, истакнувајќи дека Албанците тука сега живеат подобро и дека тоа што беше невозможно за македонскиот претседател, сега е реалнoст.

Не само што Албанците денес се подобро од вчера, туку и она што до вчера за македонскиот претседател беше невозможно за Албанците, денес е реалност, јазикот на Мајка Тереза стана официјален јазик во Северна Македонија, истакна Еди Рама.

Албанскиот премиер понатаму во неговиот говор, заблагодарувајќи му се на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, напомена дека ако ги немаше Албанците, немаше да ја има и Северна Македонија.

Без Албанците немаше да има Северна Македонија, без Албанците немаше да има Преспански Договор, без Албанците немаше да има Северна Македонија во НАТО и ЕУ, рече албанскиот премиер на што доби и громогласен аплауз од присутните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.