Без САД, Косово немаше да биде ослободено од Белград. Ова го изјави албанскиот премиер, Еди Рама во интервју за „Дојче Веле“ во Берлин, цитиран од водечкиот приштински весник „Епока е ре“.

Запрашан за притисокот на Вашингтон врз владата на Харадинај, за повлекување на царинските давачки врз српските производи во земјата, Рама рече дека САД се ангажирани со Косово и без нив земјата немало да биде независна.

Лидерот на кабинетот во Тирана увери дека неговата земја ќе го поддржи секој договор помеѓу Белград и Приштина, сѐ додека го добива благословот од САД и Европската Унија.

Овој дијалог мора да зварши со историски договор помеѓу Косово и Србија – рече Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.