Претседателот на Бугарија, Румен Радев во денешно обраќање до демонстрантите истакна дека интригите на државниот обвинител и на Владата и одбивањето да се слушне гласот на граѓаните само ја продолжува кризата, довербата е изгубена.

 Една недела илјадници Бугари се на плоштадите барајќи оставка од Владата и од државниот обвинител, барајќи слобода, закон и правда. Жителите на Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора, Велико Трново и многу други градови се доказ дека протестот е на национално ниво и ги обединува сите возрасти и социјални категории, истакна Радев.

Тој додаде дека протестите се национален консензус против мафијата, корупцијата, поврзаноста на државата и медиумите и против поткопување на демократските институции и закони.

Радев апелираше протестите да бидат мирни и да се избегнува насилство и провокации.

Во Бугарија седми ден по ред се одржуваат антивладини протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.