Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за медиумите пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид го коментираше протерувањето на руските дипломати од Бугарија.

Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации. Се надевам дека премиерот во оставка Кирил Петков има издржани и веродостојни информации за оваа одлука и добро ја разгледа и по обем и по последици, изјави Радев.

Лидерите на НАТО на високо политичко ниво ќе разговараат за натамошното зајакнување на источното крило на Алијансата преку зголемување на мултинационалните борбени групи на ниво на бригада. Допрва треба да се донесат оперативни одлуки на воено-политичко ниво.

Радев ја опиша средбата како почеток во клучен момент во радикално изменета стратешка безбедносна средина како резултат на руската агресија во Украина и зголемената конкуренција меѓу главните стратешки играчи на глобалната сцена.

Според него, по децении фокусирање на борбата против тероризмот во оддалечените региони, НАТО се враќа на својата главна улога – заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите-членки.

Вчера премиерот во оставка Петков објави дека се протеруваат 70 руски дипломати кои работеле во Бугарија, за кои премиерот во оставка Кирил Петков рече дека работеле за служби, а дипломатската работа им била покритие.

Денеска конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така, денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.