Запрашан дали Бугарија треба да го брани својот став за македонското прашање или да отстапи во прилог на Македонија, бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека „треба да почекаме да се смират емоциите и да се вооружиме со трпеливост, смиреност и здрав разум“, пренесува БГНЕС.

Нашите браќа од РМ мора да бидат членки на ЕУ, но ова мора да биде одржлив процес, каде искоренување на антибугарската реторика, на јазикот на омраза, каде објективното признавање на историската вистина мора да стане неповратен процес. И тука Бугарија мора категорично да ги брани своите права, изјави Радев.

Тој потсетува дека зборувал и за Договорот за добрососедство од 2017 и нагласил дека една година по потпишувањето барал да се потпише анекс, бидејќи немало напредок. Пред една година, пак, тој потсети дека свикал и состанок.

Пред една година, свикав итен состанок со владини претставници на кој инсистирав да има национална рамковна позиција која јасно ќе ги утврди нашите услови и црвени линии. Продолжувам да се залагам за тоа, одговорил Радев на прашањето дали Бугарија треба да остане на ставот и да отстапи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.