Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во својот говор во воздухопловната база Граф Игнатиево кај Пловдив, каде што гостува на прославите по повод 110-годишнината од првиот борбен лет на бугарската авијација зборуваше и за францускиот предлог за кревање на ветото за Македонија.

Според Радев, предлогот содржи голем дел од бугарските барања, но можел да биде и многу подобар.

-Францускиот предлог содржи многу од основните бугарски барања, но можеше да биде многу поуспешен воопшто, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку нашите политичари посветија многу, многу повеќе внимание на целиот овој процес, доколку дипломатите од МНР не се потпираат само на институцијата Претседател и не губат многу време и енергија во обидот да ја доведат дивергентната политика на премиерот во некаква прифатлива рамка, рече Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.