Горан Т. (46) од селото Ливадица во близина на градот Велика Плана вооружен влезе во средно у;илиште и отвори оган од автоматска пушка. Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, мажот пукал кон таван.

 

Човекот влезе закопчан, а под јакната имаше панцир, со оружје, со автоматска пушка, бомби, и мислам дека имаше и пиштол. Тој влезе во училницата 3/3, каде рече дека се ќе биде во ред само ако некој му даде број од државната безбедност – вака за „Спутник“ го опиша нападот една ученичка (17) во училиштето во Велика Плана.

Мажот пукал двапати од неговото оружје, за потоа да биде совладан од професор кој работи во средното училиште. Кај него се пронајдени уште и една рачна бомба и експлозив.

 

Првите информации до кои дојде српски „Блиц“ укажуваат на тоа дека човекот има психички проблеми и сакал да направи залошничка ситуација во училиштетот, но среќа неговата намера е спречена.

Човекот кој го направи овој инцидент имал намера со заложничката ситуација во средното училиште да го привлече вниманието на претседателот или министерот за внатрешни работи на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.