Косовската полиција е во потрага по напаѓачот кој вечерва со огнено оружје усмрти најмалку три лица пукајќи во автобус полн со ученици. Според дел од медиумите убиени се возачот и двајца ученици, додека други јавуваат дека загинал и кондуктерот на автобусот.

Иако претходно косовските медиуми јавуваа за повеќе маскирани напаѓачи, според последните сведоштва од учениците што се возеле на делницата од Дечани кон Глоѓане, во нив пукало само едно лице.

Како што дознава Курир, причина за трагедијата е одмазда. Имено, еден од патниците бил исфрлен од возачот и кондуктерот на автобусот бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа земал калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.

Инцидентот се случил околу 19 часот, а досега се идентификувани три убиени лица – возачот Гани Ѓокај, кој загинал на лице место, и учениците од селото Глоѓане, момче и девојче, Љ.Х.(19) и Г.М.(17), кои им подлегнале на повредите на патот кон болницата.

Убиецот е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.