Лекар во сисачката болница, објави дека минута по полниќ родено е првото бебе во 2021 година а се работи за момченцето Дарис од Петриња, каде во земјотресот е урната куќата на неговите родители, кои неколку дена спиеле во автомобил.

Мора ова да го објавам: 1.1.2021. во 00:01 ч. родено е бебе во болницата Сисак. Нашиот град и понатаму живее, напиша лекарот и собра куп позитивни коментари. Ова е убава вест за градот кој пред неколку дена беше разрушен од земјотрес, а и болницата настрада во него.

Малиот Дарис е роден 15-тина секунди по полноќ и е rрво бебе оваа година во Хрватска.

Момченцето внесе оптимизам во своето четиричлено семејство на кое земјотресот им ја урна куќата во Петриња, па некое време поминале во сопствениот автомобил.

Мајката и бебето се добри, а продувањето течело во најдобар ред. За среќа, иако некои оддели во болницата се разурнати, одделот за гинекологија функционира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.