Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва се сретна со делегацијата на швајцарската компанија „Штадлер“, која е заинтересирана за нови проекти во Србија, како и за отворање на фабрика за трансформатори.

Вучиќ разговарал со делегацијата на „Штадлер“ предводена од сопственикот на компанијата Питер Шпулер.

На состанокот присуствувале и премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, министерот за финансии, Синиша Мали, како и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој е пријател на Питер Шпулер.

Штадлер, еден од светските лидери во производството на железнички возила, од кои Србија ќе набави три брзи возови, исто така е заинтересиран за отворање фабрика за трансформатори во Србија, како и долгорочна стратешка соработка во однос на продажба на возови. Исто така, тема на разговор бил потенцијалниот пласман на нивните производи во Србија и земјите од регионот, а исто така се разговарало и за можноста Штадлер да отвори фабрика за возила во Србија.

Претходно, претседателот Вучиќ изјави дека едвај чека да се пушти брзата пруга од Белград до Нови Сад, што ќе биде на крајот на февруари и да се качи на брзиот воз што Србија го купи од швајцарската компанија „Штадлер“ .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.