Триесетгодишната Диена Каранџај, која беше жива извлечена од урнатините на шестокатницата во Драч, Албанија, починала во болница неколку часа по смртта на нејзината осумгодишна ќерка.

Диена и нејзината ќерка се едни од жртвите на рзорниот земјотрес кој се случи вчера, а во кој Драч беше еден од најпогодените места.

Како што пренесуваат албанските медиуми, Диена и нејзината ќерка биле пронајдени и одведени во болница, а два часа подоцна девојчето им подлегнало на тешките повреди. Диена починала неколку часа откако дознала за смртта на својата ќерка.

Набрзо почина и таа, бидејќи престана да и чука срцето од болка за ќерката, пишуваат локалните медиуми.

Диена во 2015 година останала и без сопругот.

Секогаш милев дека Бог ми даде многу среќа, да имам пријател и сопруг како мојот Дорис, но животот беше вистински тест. Многу ми недостасува, напишала тогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.