Првата дама на Хрватска, Сања Музик Милановиќ коментираше за исхраната на децата во Хрватска, имајќи предвид дека Хрватска е на врвот на листата на европски земји според бројот на деца кои имаат проблем со дебелина.

Нашите момчиња се најдебели на Медитеранот. Најголем извор на калории се грицките и соковите. Тие пијат многу засладени сокови – изјави Музик Милановиќ за РТЛ.

Таа исто така го коментираше фактот дека дури 68 проценти од мажите во Хрватска имаат проблем со дебелина.

Ние сме шампиони на Европа, нашите луѓе се најдебели во Европа. На возраст од 25 до 34 години, просечниот обем на половината е 105,7, а 94 се смета за прифатлив – истакна Музик Милановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.