Српските медиуми јавуваат за прв смртен случај од коронавирус меѓу медицинскиот персонал.

Според објавите станува збор за докторката Билјана Натиќ Љумовиќ од одделението за гинекологија во болницата во Ниш. Таа починала вчера на Инфективната клиника во Ниш.

Медиумите во Србија јавуваат дека докторката била во контакт со жена од Лугано, а имала и дијабет.

Поради симптоми на коронавирус била примена во болница пред неколку дена, по што здравствената состојба и се влошила, била приклучена на респиратор, но организмот не успеал да се избори.

Докторката е прва жртва од вирусот во Ниш, четврта во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.