Од фрлање шишиња и тврди предмети до ескалација на протестите вечеерва во Софија. Бугарските медиуми јавуваат дека во дивеењето на демонстрантите биле повредени неколку полицајци, а на балконот од зградата на Миистерскиот совет бил развиорен транспарент на кој пишува „Се продава“. Протестот ескалира кога демонстрантите се обиделе насилно да влезат во Министерскиот совет, пренесуваат бугарските медиуми.

Протестите започнаа минатата недела, откако опозицискиот политичар Христо Иванов беше спречен да пријде на јавна плажа на Црното Море од страна на агенти на државната безбедност, кои ја обезбедувале блиската вила на Ахмет Доган, поранешниот претседател на Движењето за слободи и права. Иванов го обвини Борисов дека му овозможува на Доган, кој се смета за еден од најмоќните луѓе во земјата, да присвојува јавен имот и да користи пари на даночните обврзници за да го штити контроверзниот политичар, иако тој не е на никаква функција во моментов.

Кон протестите во изминатите денови се приклучија и илјадници граѓани незадоволни од нивото на корупција во Бугарија како и поради лошиот животен стандард и економските проблеми. Главните барања на демонстрантите се бугарската Влада да поднесе оставка заедно со главниот обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.