Во Тирана денеска повторно се судрија демонтрантите со полицијата на шесттиот антивладин протест пред зградата на парламентот.

Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, а кога во тоа се спречени тие припадниците на полицијата ги гаѓале со шишиња и други предмети.

Инаку, прв пат на чело на овој опозиционен проетст не е присутен лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, па екс премиерот Сали Бериша е дочекан со овации, а многумина чекале да направат селфи со него.

Ова е шестиот антивладин протест кој се случува во истовреме додека се одржува пленарна седница, па полицијата е поучена од претходните инциденти, и презедени се мерки за да не се повторат.

Пред зградата на парламентот вообичаено се поставени железни огради да се оневозможи евентуален обид на демонстрантите да влезат во таа зграда.

Опозицијата бара оставка од премиерот Еди Рама, формирање на преодна влада која би спровела фер и демократски избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.