Во центарот на Атина дојде до помали судири, непосредно пред крајот на студентски собир, кога група непознати лица ја нападнале полицијата на авенијата Амалиас.

Тие фрлале молотови коктели и други предмети кон полицијата, којашто се бранела со употреба на солзавец.

Пред инцидентот се одржал собир на ученици коишто побараа од Владата да ги преземе сите потребни мерки за безбедноста на учениците и наставниците во училиштата поради пандемијата на корона вирус.

Меѓу другото, тие бараат да се намали бројот на ученици во еден клас на 15 и да се вработат дополнителни наставници и хигиеничари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.