Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата рече дека земјата пронашла нови резерви на природен гас во Црното Море.

Зборувајќи пред парламентарната група на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК), Ердоган рече дека откритието на резерви од 320 милијарди кубни метри резерви, од страна на турскиот брод Фатих, на 20 јули, ја направило земјата „многу среќна”.

Додаде дека повеќе добри вести за резервите на природен гас ќе дојдат по тековните активности на Фатих во регионот.

Со заминувањето на нашиот брод-дупчалка Фатих во сабота, сите ќе бидеме сведоци на напорите на лице место и ќе го објавиме износот на новите резерва, рече тој.

Среде напорите да се најдат домашни ресурси на јаглеводороди, Фатих го откри бунарот ТУНА-1 во полето за гас „Сакарија“ на околу 170 километри од северниот брег на Турција.

Откритието беше најголемо во историјата на Турција. Официјални лица изјавија дека гасот од бунарот ќе биде подготвен за јавна употреба во 2023 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.