Мртвото тело на 26-годишната Вероника Пецолај вчера беше пронајдено во хрватскиот град Обровац. Таа стана позната во регионот откако хрватски новинари открија дека неколку години работела како медицинска сестра, иако немала завршено ни стрчна школа, ниту пак имала лиценца за работа од Хрватската комора на медицински сестри.

Според неофицијалните информации од тамошните медиуми, причината за смртта е гушење, но по обдукцијата и проширената истрага ќе има повеќе детали.

Телото го пронашол Горан Јусуп, докторот во чија ординација таа работеше.

Во прилогот за емисијата „Проверено“, чии новинари први ја открија аферата, Јусуп се однесувал доста нападно.

Таа е медицинска сестра, може да се речи и дека ми е вереница. Факултет нема, но има средна школо, што е сосема доволно за работа како сестра или како ѕидар, изјавил тогаш тој.

Подоцна ја изгубил концесијта за работа поради бројните оптужби од пациентите за неговата работа.

Истрагата пролетва покажала и дека Јусуп ја извлекол својата „медицинска сестра“ од психијатриската болница на островот Угљан и ја вработил во својата ординација. Поради етички причини, точната дијагноза на Вероника не е откриена во медиумите, но станува збор за потешка психичка болест.

Јусуп рекол дека во болница била испратена од нејзината мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.