Црногорската полиција пронашла околу 400 килограми кокаин во магацинот на логистичкиот центар на компанијата „Воли“. Маркетот инаку е во сопственост на семејството Ѓукановиќ.

Работниците откриле сомнителна материја во пакување со банани, по што управата на тој малопродажен синџир повикала полиција.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Сергеј Секуловиќ им честиташе на припадниците на полицијата за заплената на стотина килограми кокаин.

Работници пронашле сомнителна материја во пакување со банани во магацинот „Волија“, а се сомневаат дека се работи за кокаин, објави Права Црна Гора на Фејсбук. Како што се наведува, фотографиите од местото на настанот ги направиле работниците на „Воли“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.