Карактеристиките на бугарскиот јазик се сретнуваат во историско-географското земјиште и непрекинатата бугарска заедница денес, којашто ги опфаќа Мизија, Тракија и Македонија. Она што е типично за бугарскиот јазик е карактеристично и за официјалниот јазик на Република Македонија, кажа на презентацијата на книгата „За службениот јазик на Република Македонија“ доц.д-р проф. Д-р Ана Кочева од Бугарскиот институт за јазици на Бугарската академија на науките, соопшти новинската агенција „Фокус“.

Таа истакна дека помеѓу јазикот и литературниот јазик не постои знак за еднаквост.

Имаме претензии за историската вистина за официјалната норма. Немаме претензии кон етикетирањето на јазикот, но основани историски претензии и аргументи за да објасниме што значи тоа. Литературниот јазик има 3 компоненти – историја, дијалекти и литературен јазик што е кодифициран уште од 1944 година во Македонија. Во Европа постојат многу форми на различни јазици. На Кипар се зборува грчки и турски. Односно, и во Грција и Кипар се зборува грчки, и во Турција и Кипар – турски. Романски се зборува во Романија и Молдавија. Албанскиот во Косово и во Албанија и е втор службен јазик во Македонија. Фактот дека бугарскиот јазик се зборува во странство и во рамките на државните граници не значи дека имаме територијални претензии кон една или друга страна. Во Америка, се зборува англиски, а не американски. Родот е бугарски јазик, а видот е јазикот во Македонија, рече проф. Коцева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.